За Нас

Фирмата СИМТ е основана во 1994 година.

Ние сме компанија која е проектно ориентирана. Имаме 20 години искуство во областа на информацискиот инженеринг, консалтинг, изведба и имплементација на решенија. На секое поле располагаме со млад, но високо квалификуван кадар кој работи на планирање, дизајнирање, имплементација, мониторинг и изведување на проектите. СИМТ има 20 редовно вработени. Покрај вработените, СИМТ дооел Скопје за потребите на разни проекти дополнително ангажира и еминентни експерти од земјата и странство.

Практика на фирмата е по завршениот проект или имплементираното решение да има редовно одржување на истото што ја врши нашата фирма, а опфаќа интервенции на опремата/софтверот на лице место или во просториите на нашата компанија, во гарантен и вон-гарантен период, а во зависност од реалните потреби на корисникот. Следејќи ги современите тенденции и земајќи ги во предвид барањата на корисниците, нашата компанија има воведено систем за 12-часовно одржување. Во рамките на проектот за Националното Биро за Осигурување, СИМТ располага и со Help Desk кој работи 12 часа на ден, 6 дена во неделата.