english flag Englishmacedonian flag Македонски

VOIP или IP Телефони

VOIP PhoneСИМТ ви ја нуди последната технологија во Телекомуникациска опрема како што е VOIP - Voice over IP (Глас преку IP).

IP телефоните ја користат VOIP технологијата што овозможува телефонските разговори да се одвиваат користејќи го интернетот за разлика од класичните PSTN системи. Телефоните ги користат протоколите SIP (Session Initiation Protocol), SCCP (Skinny Client Control Protocol) или некој од бројните приватни протоколи како што е протоколот кој го користи Skype.

IP телефоните можат едноставно да бидат базирани на софтвер или наменски изграден хардверски уред кој многу наличува на класичен или безжичен телефон или пак на Аналоген Телефонски Адаптер ATA (analog telephony adapter) кој овозможува да се искористат обичните PSTN телефони. Една од главните мотивации за имплементирање на овие системи е помалите трошоци за разговори. Кога се јавувате на друг IP телефон користејќи го интернетот се што плаќате е фиксната цена на вашиот интернет сообраќај.