english flag Englishmacedonian flag Македонски
11.05.2010

UPS-ите во централите Slican CXS-0424

Можете да ги користите вашите телефонски централи во случај на прекин на електричната енергија.
За повеќе детали слободно контактирајте не.


22.04.2010

Skype и Slican централи

Да се користат Skype услугите треба да се биде корисник на Slican централи со инсталиран VoIP модул.
Дополнителен хардвер, PC или софтвер не е потребен. Контактирајте не за користење на Skype на вашата Slican централа! .


09.04.2010

Skype во Slican централите

Slican централите ни овозможуваат да го користиме еден од најпопуларните комуникатори на денешницата - Skype.

• Услугата е достапна со било која Slican централа, опремена со VoIP модул. Таму не е потребно да се користи какви било дополнителни компјутери или интерфејс. Најважните функции се:

• Способност да се постави гласовна врска преку Skype за сите фиксни и мобилни телефонски мрежи
• Чинење на повик се определува со Skype тарифи – конекцијата не вклучува други IP провајдерски мрежи
• Нема можност за поставување видео повици преку Skype со Slican централите
• Влезните повици може да се сервисираат од страна на фиксни и мобилни телефони, ако Skype систем приемникот има свој јавен број
• Не постои можност да се спроведат итни повици преку Skype • Други Skype корисници кои сакаат да се јават на Slican централите треба да го реализираат повикот со користење на име од Skype серверот.


04.03.2010

32 VoIP канали во Slican MAC-6400

Најновата 32 - канална VoIP картичка за Slican MAC-6400 централите дозволува да се прошири телефонската централа до 1000 претплатници / VoIP корисници.


Со новата 32 VoIP канална картичка, можете да креирате модерна и поголема комуникациска платформа. Ако сте веќе корисник на MAC-6400 морате да го промените постоечкиот VoIP модул и да набавите повеќе лиценци. Ако само размислувате за инсталирање на централа, сметајте на модерно решение - комбинација на IP и TDM технологија.

Една картичка - многу решенија! Колку канали можете да користите зависи од бројот на набавени лиценци за VoIP канал. Можете да почнете со мал број и да го изградите системот според Вашите тековни потреби.

Контактирајте не за набавка на нови 32 канални VoIP картички за MAC-6400. Новите 32 канални картички ги поддржуват VoIP кодеците G.729/G.711a/G.711u. Картицата поддржува до 1000 претплатници / VoIP корисници, вклучувајќи ги и 18-CTS 202.IP систем телефони и други терминали (хардвер, софтвер), во согласност со протоколите SIP 2.0, IAX2 или SSL.


04.02.2010

Презентација на производната програма на Axa Power, реномиран светски производител на фреквентни конвертори 400 Hz кои се користат во воздухопловството

Симт како застапник на производите на компанијата Аxa Power на територијата на Р.Македонија, ве поканува да присуствувате на презентацијата на опрема за стартување на воздухопловни летала која ќе се одржи на 04.02.2010 во Скопје. Симт во соработка со Аxa Power (Данска) го организира овој настан со цел запознавање со фреквентните конвертори 400 Hz кои се наменети за потребите на воздухопловната индустрија, аеродромите и центрите за контрола на воздушниот сообраќај, нивната примена и користење. Аxa Power моментално има инсталирано преку 7000 конвертори во светски познати аеродроми.


13.05.2009

Презентација

На ден 13 мај 2009г, со почеток во 11,30 часот, во Скопје, хотел Континентал, национална сала, во организација на фирмата СИМТ, ќе се одржи презентација за заеднички настап со светски реномираната американската фирма Applied Biosystems која, меѓу другото, дава информатичка подршка во работењето на лаборатории ( фармација, прехрана, биотехнологија, микробиологија, екологија, хемија и петрохемија) во согласност со EN/ISO 17025 стандардот, со следната агенда:

  • 11:30-12,00 регистрација на учесниците
  • 12,00-12,20 отварање и кратка презентацијата на фирамта СИМТ
  • 12,20-12,35 ИСО 17025 состојби и перспективи (ЏИ СИ ЕС МКД)
  • 12,35-13,00 Презентација на фирмата Applied Biosystems и деловен оддел за подршка на лабораториски информационен систем (LIMS/Informatics business unit)
  • 13,00-13,15 пауза за кафе
  • 13,15-14,00 Технички карактеристики на Лабораториски информационен систем (Technical features of the LIMS Suite of products)
  • 14,00-14,15 Прашања и одговори
  • 14,15-15,30 коктел

02.10.2008

Презентација на Slican во Хотелот Континентал Скопје

Пред околу 100-тина присутни представници од Slican, Полска одржаа презентација за производите и услугите сто ги нуди оваа компанија. Присутните имаа можност да се уверат во предностите кој ги нудат телефонските централи на Slican.

Ги издвојуваме некој од побитните функции на овие уреди:

  • ICD – Интелигентна дистрибуција на повици
  • PATHFINDER – брза и ефикасна комуникација
  • INVENIO – ефикасно и модерно управување со дојдовните повици
  • VoIP телефонија
  • GSM телефонија
  • EbdRec – снимање на повиците

9-13.11.2008

Програма за поддршка на проекти во енергетика и животна средина во индустријата на Западен Балкан

СИМТ во соработка со New Energy Performance AS – (NEPAS) од Норвешка организира Студиски програм за поддршка на проекти за енергетска ефикасност и животна средина во областа на мелничко-пекарска индустрија во Република Македонија.

Студискиот програм е наменет за
Менаџери и технички директори од мелничко-пекарската индустрија во Македонија

Поканети предавачи
- Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,
- СИМТ,
- Министерство за економија,
- Агенција за енергетика,
- банки,
- меѓународни агенции

Место на одржување
Маврово

Датум:
9-13.11.2008

Пријавување во СИМТ контакт лице Искра Ѓуриќ
тел. 02 3069591
факс 02 3069592
e-mail:nepas@simt.com.mk

Програма

  • Програми за енергетска ефикасност
  • Можности за заштеда на електрична енергија со оглед на технолошките процеси во мелничко-пекарската индустрија
  • Методи и средства за мониторинг на потрошувачката на електрична енергија
  • Цели на мерењата и мерните процеси
  • Пример на реализација на енергетска ефикасност во мелничко-пекарската индустрија
  • Енергетски менаџмент
  • Енергетска ефикасност во Македонија и ЕУ
  • Можности и избор на проект
  • Дискусија
  • Можности и бариери за имплементирање на мерки на енергетска ефикасност во Македонија
  • Менаџирање и подигање на свеста за потребата за имплементирање на проект за енергетска ефикасност
  • Доделување на сертификати за имплементација на енергетска ефикасност во мелничка-пекарска индустрија во Македонија

22.10.2008

Поголема грижа за Вашето здравје

Жито Лукс а.д. - Скопје во соработка со СИМТ д.о.о. успешно инсталираше и пуштен е во употреба метал детектор, производ на гермаската фирма Cassel. Со тоа е постигната поголема заштита и сигурност на граѓаните од консумирање на несакани честички што би можеле да се најдат во производите на фирмата.