|
WEIGHT SHARK® 5500 има способност да измери до 230 производи во минута и може да се интегрира во производната линија со брзини до 90 m/s. Секако максималната брзина на мерење е лимитирана од карактеристиките на производите, тежина, големина и сл.
Поврзувањето на контролната единица WS 5500 со надворешна опрема (скенер за баркодови, печатач, метален детектор и сл.) и негова интеграција во постоечкото производсво е лесно изведливо благодарение на напредниот I/O интерфејс. Посебно ја препорачуваме комбинацијата на WEIGHT SHARK® 5500 со METAL SHARK® BD металниот детектор како уникатно и комплетно решение за инспекција. Во ваквото сценарио вашите производи се контролирани со најголема прецизност за грешки во тежината и метални нечистотии.
Cassel нуди 7 различни видови на системи за проверка на тежината, сите управувани од страна на контролната единица WS 5500 со различни спецификации во опсег на тежините:
- WS 5500-R315 - опсег на тежина 4 - 600 g
- WS 5500-R325 - опсег на тежина 8 - 1.200 g
- WS 5500-R335 - опсег на тежина 20 - 3.000 g
- WS 5500-R345 - опсег на тежина 40 - 6.000 g
- WS 5500-R355 - опсег на тежина 80g - 18 kg
- WS 5500-R365 - опсег на тежина 200g - 30 kg
- WS 5500-R375 - опсег на тежина 400g - 60 kg
Производите кој се претешки или прелесни се сортирани во посебни контејнери со помош на еден од повеќето видови на одвојувачи, зависно од просечната тежина на производот:
- Воздушен тип
- Лизгачки тип
- Паѓачки ремен
- Превртување
- Туркање на ремен
- Туркање на ролер
Повеќе...
|