english flag Englishmacedonian flag Македонски

Нова генерација на сигурни порти

Fortinet FortiGate е нова генерација на сигурносни порти (gateway) што им овозможува на компаниите и добавувачите на услугите највисок степен на заштита и контрола на апликациите преку мрежниот сообраќај. Изработен во потполност од страна на Fortinet, FortiGate системите почнуваат од наменски изработени хардверски платформи со ненадминливи перфоманси. Консолидирајќи ги критичните сигурносни технологии и услуги во интегриран сустем, FortiGate овозможува ефективна заштита, помали трошоци и значителна заштеда на простор.

Интегрирана Апликациска и Мрежна Заштита

За да се заштитат мрежите од модерните закани потребна е да се има целосна видливост на сообраќајот од мрежниот слој па до апликативниот слој. За тоа е потребено деталено знаење за протоколот и опфаќање на сите сигурносни содржини вкључувајќи заштита од широк спектар на закани како што се:

  • Malware
  • Обиди за интрузија
  • Одбивање на услуга напади
  • Неополномоштен пристап
  • и повеќе

FortiGate сигурносниот gateway ја котролира комуникацијата и ги заштитува мрежните уреди од оштетувања и злобните сигурносни закани. Ова е постигнато преку комплетна интеграција на технологиите што најчесто се представени како посебни продукти.

Контрола на Комуникациите

  • Firewall
  • IPSec VPN / SSL-VPN
  • Web Filtering
  • Application Control / Traffic Optimization
  • Layer 2/3 routing

Заштита на Мрежните Уреди

  • Antivirus / Antispyware / Antimalware
  • Intrusion Prevention System (IPS)
  • Antispam

Резултатот е нова генерација на сигурносни gateways кој овозможуваат ефикасна контрола на мреќните комуникации и детална заштита на критичните апликации.

Специјален ASIC процесор за Ненадминливи Перфоманси

FortiASIC процесорот е компонента на FortiGate уникатната хардверска технологија. FortiASIC е фамилија на високо перфомансен мрежен и содржински процесор кој е изграден со цел да работи заедно со општо наменскиот процесор и да ги забрза сигурносните функции на мрежно и апликациско ниво. FortiASIC исто така овозможува забрзување потребно за постигнување високи-перфомансни потребни во големите корпорации и снабдувачите на услуги.

Со FortiASIC акселерација, на повеќе FortiGate сигурносни gateway-и им е овозможена подршка за 10-Gigabit мрежна комуникација заштитуваќи ги брзите јадра и информациските центри на мрежите.

Консолидирана Сигурносна Платформа

Обединувањето преку Fortinet-ovata FortiGate повеќе-задачна сигурносна платформа ги намалува вложувањата и оперативните трошоци за купување, управување и орджување на повеќе различни солуции и овозможува едноставно надградување за идните сигурносни функции без да се купува нов хардвер. Ова овозможува намалување на вкупните трошоци и ја одржува вашата инвестиција во сигурноста на системот.

Инсталирање на Fortinet-овата обединета сигурносна платформа значи помалку уреди во вашиот информатички центар - што значи поефикасно користење на хардвер, вентилација и потрошувачка на енергија и подобро искористен простор. Исто така оваа архитектура придонесува за намалување на потрошувачката на струја преку целиот животен циклус и помалку хардвер за рециклирање.

Полно Портфолио од Обединети Солуции

За да ја комплетира продуктната линија FortiGate, Fortinet исто така го нуди алатката FortiManager, што им овозможува на корисниците да управуваат со сите производи на Fortinet од цетрална конзола. За центализирни анализи и извештаи, Fortinet го нуди алатката FortiAnalyzer предодредена за архивирање и графички извештаи.

За целосна заштита и сигурност на електронската пошта во што се вклучени архивирање и највисоко ниво на антиспам и антивирус заштита, Fortinet го нуди FortiMail, алатка специјализирана за сигурноста на електронската пошта. А за сигурност на крајниот корисник Fortinet го нуди FortiClient софтверот, производ кој обезбедува сигурност кај крајните корисници било да се тоа десктоп компјутери, лаптоп или мобилни уреди.