ИТ Безбедност

Нова генерација на сигурни порти

Fortinet FortiGate е нова генерација на безбедносни порти (gateway) што им овозможува на компаниите и добавувачите на услуги највисок степен на заштита и контрола на апликациите преку мрежниот сообраќај. Изработен во потполност од страна на Fortinet, FortiGate системите почнуваат од наменски изработени хардверски платформи со ненадминливи перфоманси. Консолидирајќи ги критичните сигурносни технологии и услуги во интегриран сустем, FortiGate овозможува ефективна заштита, помали трошоци и значителна заштеда на простор.

Интегрирана апликациска и мрежна заштита

За да се заштитат мрежите од модерните закани потребно е да се има целосна видливост на сообраќајот од мрежниот слој па се до апликативниот слој. За тоа е потребно детално знаење за протоколот и опфаќање на сите безбедносни содржини вклучувајќи заштита од широк спектар на закани како што се:

  • Malware
  • Обиди за интрузија
  • Одбивање на напади
  • Неавторизиран пристап
  • и повеќе

FortiGate безбедносниот gateway ја котролира комуникацијата и ги заштитува мрежните уреди од оштетувања и лошите безбедносни закани. Ова е постигнато преку комплетна интеграција на технологиите што најчесто се претставени како посебни продукти.

Контрола на Комуникациите

  • Firewall
  • IPSec VPN / SSL-VPN
  • Web Filtering
  • Application Control / Traffic Optimization
  • Layer 2/3 routing

Заштита на мрежните уреди

  • Antivirus / Antispyware / Antimalware
  • Intrusion Prevention System (IPS)
  • Antispam

Резултатот е нова генерација на безбедносни порти (gateways) кои овозможуваат ефикасна контрола на мрежните комуникации и детална заштита на критичните апликации.

Специјален ASIC процесор за ненадминливи перфоманси

FortiASIC процесорот е компонента на FortiGate уникатната хардверска технологија. FortiASIC е фамилија на високо перфомансен мрежен и содржински процесор кој е изграден со цел да работи заедно со општо наменскиот процесор и да ги забрза безбедносните функции на мрежно и апликациско ниво. FortiASIC исто така овозможува забрзување потребно за постигнување високи перфоманси потребни во големите корпорации и добавувачи на услуги.

Со FortiASIC акцелерација, на повеќе FortiGate безбедносни gateway-и им е овозможена поддршка за 10-Gigabit мрежна комуникација заштитувајќи ги брзите јадра и информациските центри на мрежите.

Консолидирана сигурносна платформа

Обединувањето преку Fortinet-овата FortiGate повеќе наменска безбедносна платформа ги намалува вложувањата и оперативните трошоци за купување, управување и оддржување на повеќе различни решенија и овозможува едноставно надградување за идните безбедносни функции без да се купува нов хардвер. Ова овозможува намалување на вкупните трошоци и ја одржува безбедноста на вашата инвестиција во системот.

Инсталирање на Fortinet-овата обединета безбедносна платформа значи помалку уреди во вашиот информациски центар – што значи поефикасно користење на хардвер, вентилација и потрошувачка на енергија и подобро искористен простор. Исто така, оваа архитектура придонесува за намалување на потрошувачката на струја преку целиот животен циклус и помалку хардвер за рециклирање.

Полно портфолио од обединети решенија

За да ја комплетира продуктната линија FortiGate, Fortinet исто така ја нуди алатката FortiManager, што им овозможува на корисниците да управуваат со сите производи на Fortinet од централна конзола. За централизирани анализи и извештаи, Fortinet ја нуди алатката FortiAnalyzer предодредена за архивирање и генерирање на графички извештаи.

За целосна заштита и безбедност на електронската пошта во што се вклучени архивирање и највисоко ниво на антиспам и антивирус заштита, Fortinet го нуди FortiMail, алатка специјализирана за безбедноста на електронската пошта. А, за безбедноста на крајниот корисник Fortinet го нуди FortiClient софтверот, производ кој обезбедува сигурност кај крајните корисници било да се тоа десктоп компјутери, преносни компјутери или мобилни уреди.