Slican централи

Slican IPS-08 IP PBX

Компактна и универзална Slican IP телефонска централа со вграден GSM gateway, IP gateway и интегриранo снимање на повици. Со еден збор, совршено комуникациско решение. IPS-08 може да работи како самостојна единица или да биде дел од поширока телекомуникациска мрежа – во канцеларии на различни локации во рамки на поголема мрежа од Slican IPL-256, IPM-032-6400 или MAC-6400.

Slican IPS-08.100 IP PBX Slican IPS-08.101 IP PBX Slican IPS-08.103 IP PBX

Slican ITS - IP PBX

Ако Ви е потребно достапно веб телекомуникациско решение – ние имаме нешто за Вас. Малата Slican IP телефонска централа е спој на TDM и IP телефонијата. Од сега па натаму доволно е да се пристапи до мрежа. Аналогни порти (FXO) и IP порти (IPO), аналогни локали (FXS) и IP локали (IPS), функционaлност со VoIP SIP телефони, softphone апликации, аналогни телефони, факсови и домофони се стандардни карактеристики на Slican ITS IP телефонските централи.

Slican ITS-0106 IP PBX Slican ITS-0206 IP PBX Slican ITS-0286 IP PBX

Slican IPU-14 IP PBX

Slican IPU-14 телефонска централа е производ кој совршено ги задоволува потребите на малите бизниси во модерна, мулти-таск комуникација. Одлична цена, пристап до сите начини на комуникација и модуларната структура се неколку од многуте предности на Slican IPU-14 телефонската централа. Има четири слободни слотови кои овозможуваат да се вгради потребната опрема во погодно време за компанијата. Вградениот GSM и VoIP gateways, можноста за снимање на разговори и бесплатната Slican BillingMAN апликација обезбедуваат евтини и високо квалитетни разговори.

Slican IPU-14.101 IP PBX Slican IPU-14.102 IP PBX

Slican CXS-0424 IP PBX

Најмалиот Slican телекомуникациски сервер нуди пристап до сите правци на комуникација, со цел да се обезбедат евтини и високо квалитетни разговори. CXS-0424 е решение за бизниси и компании, кои имаат одбрано еден уред со вграден VoIP и GSM gateways, Slican INVENIO систем, како и функција за снимање на разговори. Се испорачува со софтвер за програмирање и тарирфирање, CXS-0424 PBX е прозвод со ниска цена како и економски ефикасно решение за организација на високо квалитетна и ефикасна комуникација.

Slican CXS-0424.WM IP PBX Slican CXS-0424.2U IP PBX

Slican IPM-032 IP PBX

IPM-032 е IP телефонска централа која благодарение на својата униформа и напредна IT платформа, овозможува евтина VoIP комуникација, дури и со основната верзија на производот. Телефонската централа се карактеризира со флексибилност и модуларна стуктура. Има 6 или 8 слободни слотови во кои може да се инсталиртат картици со интерфејси според потребите на клиентите: AB аналогни порти, POTS јавни линии, ISDN BRA / Е1, VoIP транкови, GSM, или Up₀ / IP / SIP. Целиот систем е надополнет со свои и надворешни апликации, креирајќи ниска цена и безбеден телекомуникациски систем за компании фокусирани на успех.

Slican IPM-032.WM IP PBX Slican IPM-032.2U IP PBX

Slican IPL-256 IP PBX

Телефонската централа, Slican IPL-256 е производ од најновата генерација на која е имплементирана единствена IT платформа со користење на VoIP, GSM и TDM технологии. Одличниот квалитет и флексибилност, формираат основа за дизајнирање на безбедни VoIP мрежни решенија до 1000 корисници. IPL-256 се карактеризира со лесна конфигурација и изградба на системи – вмрежувањето и интеграцијата никогаш не биле поедноставни.

Slican IPL-256.WM IP PBX Slican IPL-256.2U IP PBX

Slican CCT 1668 IP PBX

CCT-1668 е најпопуларниот и најпознат модел на модуларни Slican телекомуникациски решенија. Максималниот капацитет е 88 физички порти плус Е1 ISDN-BRA (30B + D) порта, додека вкупниот број (вклучувајќи физички и IP порти е еднаков на 250.

Slican CCT 1668.S IP PBX Slican CCT 1668.L IP PBX Slican CCT 1668.EU IP PBX

Slican MAC-6400 IP PBX

Slican MAC-6400 комуникацискиот сервер е високо-технолошко решение наменето за големи компании и институции, каде што е потребна мрежа за стотици корисници. Поради флексибилните можности на конфигурација, MAC-6400 е погоден за мрежа од 100 до 640 корисници. Мрежната технологија овозможува вмрежување на неколку MAC-6400, CCT-1668 или CXS-0424 телефонски централи наменети за стотици дури и илјадници корисници.
MAC-6400 е достапен во верзија од една полица со капацитет до 160 екстензии, 1000 IP корисници и со вградлив VoIP модул за 32 VoIP канали и дополнително напојување.

Slican MAC-6400 IP PBX Slican MAC-6400 IP PBX Slican MAC-6400 IP PBX