Slican телефони

Slican analog phones

Slican XL-209
Класичен аналоген телефон за канцелариска и домашна употреба. Одличен производ за компании кои бараат сигурен и цврст телефон. Овозможува да го користите телефонот во компанијата без оглед на индустријата и работното место – може да се користи многу интензивно, со многу повици на дневно ниво. Со својите класични карактеристики Slican XL- 209 е исто така совршено прилагоден како телефон дизајниран за домашни корисници.
Slican XL-2023ID
Аналоген телефон наменет за сите Slican телефонски централи . За разлика од други производители на телефони за телефонот XL- 2023 не се потребни батерии! Телефонот е модерен, опремен со LCD екран, телефонски именик и спикерфон. Поради атрактивната цена и неговата функционалност овој телефон е популарен во многу канцеларии, хотели и институции.

Slican digital system phones

Slican CTS-102
Slican CTS-102 е дигитален системски телефон кој е наменет за работа со Slican телефонските централи. Со своите параметри тој овозможува лесен пристап кон напредните функционалности на телефонските централи.
Slican CTS-202.CL
Дигитален системски телефон со “hands free” функција, читлив и голем LCD дисплеј. Наменет за работа со Slican телефонските централи. Има 12 осветлени програмабилни функционални копчиња. Интуитивното и едноставно за користење мени, обезбедува удобност и ефикасност во работата со телефонските централи. Постои можност за проширување со Slican CTS-232 конзолите. Достапен е во сива (CTS-202.CL-GR), или црна (CTS-202.CL-BK) боја.
 
Slican CTS-330.CL
Slican CTS- 330.CL е системки телефон за компании кои бараат софистициран телефонски систем и ефективно управување на повици и контакти. Тој е опремен со екран на допир со високо квалитетна боја кој гарантира совршена видливост во различни светлосни услови.
Телефонот може да се користи веднаш по приклучување, без комплицирана и долга конфигурација.

Slican IP system phones

Slican CTS-102.IP
Slican CTS-102.IP е системски IP телефон. Може да се приклучи директно во компаниската LAN мрежа – каде што е инсталирана Slican телефонска централа или да се поврзе преку Интернет мрежата. Ги има истите карактеристки како и системските телефони од серијата CTS-102.
Slican CTS-203.IP
Slican CTS 203.IP телефонот е наменет за гласовна комуникација преку компјутерската мрежа. Корисник, опремен со CTS-203.IP системски телефон, може да ја користи компаниската LAN мрежа каде што е инсталирана Slican телефонска централа или да се најави од било кое место во светот ако интернет конекцијата на таа локација е со соодветни параметри. Функциите и можностите на CTS-203.IP се исти со стандардниот Slican CTS-202 системски телефон.
 
Slican CTS-330.IP
Slican CTS- 330.CL е системки телефон за компании кои бараат софистициран телефонски систем и ефективно управување на повици и контакти. Телефонот може да се користи веднаш по приклучувањето без комплицирана и долга конфигурацијa.

Slican SIP Phones

Slican VPS-310P
Slican VSP-310P е универзален телефон за корпоративни и приватни корисници. Овој телефон функционира со сите Slican телефонски централи. Возможно е овој телефон да се поврзе дирекно на интернет.
Поради големата фукционалност, лесната инсталација и оддржување, овој телефон е перфектна алатка за работна и приватна употреба.
Slican VPS-2000P
Slican VPS-2000P е софистициран, повеќелиниски IP телефон, совршено прилагоден за потребите на вработен во компанијата. Повеќелинискиот екран го поедноставува пристапот до контакти и широкиот спектар на комуникациски функции. Голем број на операциски копчиња го подобрувааат користењето на телефонот за време на секојдневната работа и овозможува ефективно користење на дострапните ресурси во мрежата.