FortiCare Поддршка

Fortinet е обврзан за Вашата комплетна сатисфакција. Преку нашите регионалени центри за техничка поддршка и партнери од целиот свет, Fortinet ви нуди поддршка за време на оперативниот животен циклус на вашите Fortinet продукти. Нашите сертифицирани партнери за поддршка ќе ви овозможат прв степен на техничка помош, а додека регионалните TAC ќе ги решаваат комплексните проблеми.

Fortinet поддршката за клиентите исто така Ви овозможува:

FortiCare Техничка Поддршка за Вашата Сметка – Е тековно место посветено за контактирање на Fortinet инженерите и тимот за поддршка и овозможува специфично застапување на клиентите.

FortiCare Професионални услуги – Дизајн по нарачка, консултации за интеграција и оптимизација како и ресурси за специфични проекти или обврски

Регистрација

Регистрацијата на вашите производи и услуги е задолжително и е предуслов за да добиете техничка поддршка и избегнете доцнење во добивањето на истата.

Вашите Fortinet продукти и услуги може да бидат регистрирани од страна на вашиот партнер за поддршка или можете директно да се регистрирате тука Регистрација на производ

Барање помош

Секогаш контактирајте го вашиот Fortinet сертифициран партнер за да добиете прво ниво на поддршка, освен ако немате договор за поддршка директно со Fortinet TAC. Fortinet TAC овозможува поддршка преку вашиот партнер за поддршка. Единствено во случај ако вашиот партнер за поддршка не е во можност да го разреши проблемот ние ке обезбедиме директна поддршка.

За да ги добиете информациите за контакт на Fortinet TAC ве молиме најавете се во системот со помош на вашето корисничко име и лозинка.

Информативен центар

Информативниот центар е портал кој овозможува пристап до документацијата, технички совети, познати проблеми и надградби. Порталот е постојано обновуван со нови информации за да овозможи поефикасни решенија за проблемите. Информативниот центар треба секогаш да биде вашето прво место за надминување на техничките проблеми.

Проверка на состојбата за поддршка

За да ја проверите состојбата за поддршка најавете се во Fortinet центарот за поддршка на клиенти. За да се најавите потребни ви се вашето корисничко име и лозинка кои се испратени на вашиот е-маил веднаш по регистрација на производот. Корисничкото име е е-маил адресата која ја користевте во процесот на регистрација. Во случај да сте ја заборавиле лозинката кликнете на „Ја заборавив лозинката“, ќе бидете потсетени да одговорите на сигурносното прашање кое го наведовте при регистрацијата и новата лозинка ќе ви биде испратена веднаш штом ќе одговорите на сигурносното прашање.

Страницата за состојбата на поддршката содржи информации за видот на поддршка што го имате купено за секој FortiGate производ (по сериски број) исто така содржи информации до кој датум важи, вашата поддршка за хардверот и firmware, како и до кога имате право за бесплатна надградба на Антивирусот и NIDS.

Превземање на Антивирус и Одбрана од напади

Ако треба мануелно да ги обновите дефинициите за одбрана од вируси и напади, најавете се во системот под “Support Login”. Ако сеуште не сте се регистрирале, направете го тоа најпрво, па потоа ќе добиете е-маил со вашето корисничко име и лозинка и ќе имате пристап до секцијата за превземање на датотеки.