FortiGuard Членство

FortiGuard™ членството е потполно и решението Обединето Управување со Закани (ОУЗ) за организациите, вклучувајќи Antivirus, Intrusion Prevention, Web Filtering и Antispam дава можности за обезбедување на заштита од мрежни и содржински закани. FortiGuard услугите постојано се обновуваат 24x7x365 од Глобалниот тим за истражување на закани кој поседува детална експертиза за содржинските и мрежните напади. Глобалниот тим за истражување на закани му овозможува на Fortinet да обезбеди комбинација на повеќе слојно сигурносно разузнавање и понуди моментална заштита од приливот на новите закани. Мрежата на FortiGuard има центри за обработка на податоците низ целиот свет на сигурни и пристапни локации кои автоматски ги испорачуваат надградбите за Fortinet сигурносните платформи. Со членството во FortiGuard, корисниците може да бидат сигурни дека нивната Fortinet сигурносна платформа работи оптимално и ги штити уредите со последна технологија.

Главни особини и предности

  • Испорачува автоматски надградби во реално време
  • Водечки во индустријата по време за одговор на заканата
  • Потполна библиотека на закани
  • 24x7x365 работно време
  • Поддржан од сопствениот глобален Fortinet тим за истражување на закани

FortiGuard Antivirus Услуга

Fortinet-вата FortiGuard Antivirus услуга овозможува потполно автоматска заштита за FortiGate и FortiClient Antivirus Firewall-и и постојано ги одржува со најновите методи за одбрана од вируси.

FortiGuard Услуга за Превенција од Упади IPS

Fortinet-овата услуга, системот FortiGuard за превенција од упади (IPS) ги вооружува корисниците на FortiGate со најновите одбрани против сомнителните активности во мрежата.

FortiGuard Услуга за Филтрирање на Интернет Содржини

Fortinet-овата услуга, FortiGuard интернет филтрирање нуди надградби базирани на автоматски алатки за истражување и анализи со одредена цел за да ја регулира интернет активноста и да го блокира пристапот до штетни и несоодветни интернет страници.

FortiGuard Antispam Услуги

Услугата на Fortinet, FortiGuard Antispam овозможува надградби во реално време за корисниците на FortiGate, FortiMail и FortiClient и ги елиминира сигурносните закани од spam пораките.

Fortiguard мрежа на дистрибуција

Од сигурни и достапни центри ширум светот FortiGuard мрежата за дистрибуција испорачува надградби за производите FortiGate, FortiMail, FortiClient PC и FortiClient Mobile. Корисниците може да изберат начин на испорака на надградбите како што се: push, pull или да се прилагоди фреквенцијата на испораки по вашите потреби. Конфигурирајте еднаш и пуштете надградбите да пристигнуваат автоматски. Fortinet-овиот Сигурносен Систем за одбрана од многуте закани е секогаш надграден и овозможува највисоко ниво на препознавање на познатите и непознатите закани. FortiGuard Услугата за Членство е постојано надградувана од страна на 24x7x365 глобалниот истражувачки тим за закани кој е експертен за содржински и мрежни напади. Глобалниот тим за истражување на заканите му овозможува на Fortinet да испорача комбинација на повеќе нивоа и овозможи моментална заштита од новите закани пред да ги повредат ресурсите на вашата фирма или заразат некој од компјутерите на вашите работници.

Главни карактеристики

  • Глобална мрежа на дистрибуција
  • Водечки во индустријата по време на одговор
  • 24x7x365 Операции
  • Истражување на Основите за Сигурност
  • Глобален тим за истражување на закани
  • Можност за потполно автоматизирање на надградбите

Fortiguard Центар

Fortinet-овиот FortiGuard Центар е место каде што можете да најдете информации за заканите и штетите, но и други информации кои ви ги нуди Fortinet-овиот глобален тим за истражување на закани. Овој центар постојано се освежува со нови информации и можете да пристапите до него преку страната http://www.fortiguardcenter.com

Главни карактеристики

  • Комплетни сигурносни совети и извештаи
  • Извештаи за активностите на Malware во живо
  • Online вирус скенер / Енциклопедија
  • Рангирање на URL, преглед на категории и класи
  • Пријавување на Spam / лажни и вистински