FortiClient Крајна Сигурност

FortiClient Крајна Точка на Сигурност

Проблем:

Персоналиот компјутер било да е десктоп или преносен им дава можност на своите бизнис корисници да имаат пристап до корпорациските апликации и важните информации од својата канцеларија но и од надвор од неа. Зголемениот број на smartphone мобилни уреди кои користат отворен оперативен систем ветува уште поголема слобода за пристап до апликациите и податоците на корпорацијата. За жал, сите овие уреди се изложени на опасности како што се вируси, спам, spyware и worms. Исто така, корисниците на овие уреди имаат пристап до несоодветни и опасни интернет страници што негативно се одразува врз продуктивноста и ги прекршува основните препораки на компанијата за пристап до интернет содржини. Иако на пазарот се присутни специфични производи за заштита, како што се антивирус програмите кои овозможуваат заштита од некоја од заканите, ваквите производи не обезбедуваат потполна заштита од сите закани и неможат да применат рестрикции за пристап до одредени содржини.

Решение:

FortiClient PC™ и FortiClient Mobile™ овозможуваат обединета сигурносна заштита за персоналните компјутери и smartphones вклучувајќи персонален Firewall, IPSec VPN, антивирус, antispyware, antispam и филтрирање на интернет содржините. FortiClient агентот со помош на FortiGuard сигурносната претплата осигурува целосна заштита на вашите уреди (компјутери) од денешните модерни закани. Обединет и компактен FortiClient е програм кој е достапен во верзии за следниве оперативни системи:

  • Microsoft Windows XP,
  • Microsoft Vista,
  • Windows Mobile
  • Symbian™

FortiClient агентот е поддржан со членството за заштита FortiGuard и овозможува уредите потполно да бидат заштитени од денешните закани. FortiClient агентите се мали програми со обединета архитектура достапни за Microsoft® Windows XP™, Microsoft Vista™, Windows Mobile™ и Symbian™ оперативните системи.

FortiClient PC & FortiClient Mobile

Главни карактеристики:

  • Antivirus & Antispyware – Овозможува комплетна заштита од вируси, spyware, keyloggers, trojans, adware и greyware на десктоп и лаптоп компјутери базирани на Windows како и за smartphones. Исто така, поддржани се и паметни телефони базирани на Symbian оперативниот систем.
  • Secure IPsec VPN – им овозможува на Windows базираните компјутери и паметни телефони сигурен пристапат (DES / 3DES енкрипција) до апликациите на компанијата.
  • Моќен персонален Firewall – Го контролира мрежниот сообраќај и осигурува соодветна програма да има пристап на Windows базиран компјутер или паметен телефон или Symbian базиран паметен телефон.
  • Напреден Antispam – Моќна antispam заштита која беспрекорно се интегрира со Microsoft Outlook за компјутер базиран на Windows и SMS antispam за Windows and Symbian базирани паметни телефони.
  • Филтрирање на интернет содржини – овозможува примена на правилата за филтрирање на интернет содржините кои се достапни/недостапни за компјутерите базирани на Windows оперативен систем.

Купете FortiClient:

За да добиете лиценца, ве молиме контактирајте го вашиот застапник или доставете барање. Вашиот посветен застапник може да ви понуди најдобри можни цени и услуги и веднаш може да ви помогне во купувањето.