FortiManager Центално Управување

Како додаток на локалниот систем за управување и веб базирани извештаи, Fortinet нуди решение за комплетно централизирано управување, најавување и известување за сечии потреби.
FortiManager™ Инструменти

Управувач на уреди и контрола на политиката

Фамилијата FortiManager на Системи за Централизирано Управување е централизиран систем за управување кој работи беспрекорно со фамилијата на Fortinet за повеќе-слојни безбедносни решенија и овозможува координирани набавки во согласност со вашата политика, конфигурирање на уредите и управување со надградбите, како и целосно (end-to-end) надгледување на мрежата и контрола на уредите. FortiManager ги минимизира и трошоците за инсталација и нивното континуирано одржување, конфигурирање, надгледување при што ја обезбедува сигурноста на мрежата. Администрацијата со дефинирани улоги овозможува да се дефинираат привилегии за специфични подрачја за управување и специфични функции. Со групирање на одредени уреди се овозможува колекцијата од безбедносни решенија на Fortinet да се соедини во независни управувачки домени за да го контролираат административниот пристап и да го поедностават спроведувањето на правилата. Локалното хостирање на надградбите за препознавање на заканите и филтрирање на базата на податоци го намалува вемето за реакција и ја зголемува заштитата на мрежата.
FortiAnalyzer™ Инструменти

Логирање на настаните, Анализи и Извештаи

Фамилијата FortiAnalyzer со мрежно логирање во реално време , анализи и систем за извештаи е серија на хардверски инструменти посветени кои ги собираат податоците од Fortinet уредите но и од другите уреди во мрежата. Се архивира полн спектар на податоци како што се сообраќај, настани, вируси, напади, содржини од веб и електронска пошта, што може да се филтрираат, обработат и анализираат. Вграден е потполн пакет за стандардни извештаи како и можност да креирате извештаи според ваши параметри. FortiAnalyzer исто така содржи напредни сигурносни управувачки функции како што се карантин за архивирање на документите, корелација на настаните, испитување на слабостите, анализа на сообраќајот, архивирање на електронската пошта, пристап до интернетот, инстантни пораки и трансфер на датотеки.
FortiGuard Услуга за Анализи и Управување

Централизирано Најавување по Барање, Извештаи и Управување со уредите

Услугата FortiGuard за Анализи и Управување е базирана на членство и се користи заедно со FortiGate™ уредите. Оваа услуга им овозможува на корисниците централно да управуваат со своите FortiGate уреди како и можност за поврзување од далечна локација. Услугата на FortiGuard за Анализа и Управување нуди многу од услугите кои се дел од платфотмате FortiAnalyzer и FortiManager, но без потреба да се купи, инсталира и одржува дополнителна хардверска опрема.