FortiMail Email сигурност

FortiMail Повеќе слојна сигурност на електорнската пошта

Со секојдневното светско зголемување на spam пораките, серверите на фирмите и корисниците стануваат се по затрупани со вакви пораки. Spam пораките залудно ги трошат ресурсите, ја намалуваат продуктивноста на вработените и ја зголемуваат одговорноста на фирмата. Софистицираните содржински напади најчесто ги користат апликациите за електронска пошта како форма за нападите. Ова може да се илустрира со драматичното зголемување на “phishing” нападите, како сигнал за промена на стратегијата на спамерите кои сакаат да заработат на наивните корисници.

Fortinet-овиот FortiMail е фамилија на високо-перфомансна, повеќе-слојна сигурносна платформа која ги одстранува несаканите пораки (spam), нуди максимална заштита од мешаните емаил закани и го поддржува следењето на прописите.

Главни придобивки на FortiMail се:

  • Зголемување на продуктивноста на вработените со одстранување на несаканите spam пораки.
  • Олеснување на работата на системите за електронска пошта и ресурсите на мрежата предизвикана од spam пораките.
  • Заштита од содржински закани кои ја користат електронската пошта
  • Помош за одржување на регулативите преку современо насочување и архивирање на електронската пошта.
  • Флексибилност при инсталирањето со три методи на работа: Транспарентен, Порта (Gateway) и Сервер.
  • Намалување на потребните ИТ ресурси со користење на „под клуч“ наменски изграден хардвер, тесно интегрирано управување, пријавување и известување и потполно автоматизирано надградување на сигурносните содржини.
  • Надградби во секое време преку зачленување во сопствениот Fortinet-ов FortiGuard систем.
  • Намалени трошоци за работа преку едноставно и брзо инсталирање преку основниот GUI

FortiMail-100

FortiMail-100 е идеално решение за мали фирми (SOHO) и за Оддалечени канцеларии / Подружници (ROBO), овозможувајќи рентабилно и флексибилно решение за сигурно и ефикасно филтрирање на електронската пошта.

  • FortiMail-100 нуди сите можности на FortiMail фамилијата во мошне рентабилна платформа

FortiMail-400

FortiMail-400 е оптимизиран за работа со средни претпријатија и нуди богат асортиман на доверливи и високо перфомански функции за препознавање, маркирање и блокирање на spam пораките и нивните опасни прикачени датотеки (malicious attachments)

  • Зачувување на интегритетот на податоците и нивната сигурност е овозможена преку RAID под-системот за складирање на податоци
  • Поддржува генерални и по-корисник spam правила за максимална флексибилност при конфигурирањето

FortiMail-2000A

Е наменет за поголеми компании, каде што се потребни високи перфоманси и сигурност при работата. FortiMail-2000A ги нуди сите предности и особини на фамилијата FortiMail во модуларна форма со можност за замена на компонентите без прекин на работата (hot swappable) и резервни компоненти.

  • Може да ги задоволи барањата на големите компании со капацитет да обработи до 6.8 милиони пораки на ден.
  • Интегритетот на податоците и сигурноста е осигурана преку RAID под-системот за складирање на податоци, напојувања и вентилатори што се заменливи без прекин на работата
  • Флексибилност при поврзување со четири 10/100/1000 мрежни приклучоци што овозможуваат спојување на повеќе интернет конекции

FortiMail-4000A

FortiMail-4000A нуди високи перфоманси, сигурност и капацитет, подигајќи ги стандардите за глобалните корпорации и телекомуникациските компании кои имаат најголем обем на електронски сообраќај.

  • Ги задоволува барањата на големите корпорации и телекомуникациски компании со можност да обработи до 7 милиони пораки на ден.
  • Сигурноста и интегритетот на податоците е обезбеден со 3 Терабајтен капацитет за складирање на податоците преку RAID под-системот, напојувања и вентилатори што се заменливи без прекин на работата