FortiGate управување со заканите

FortiGate обединето управување со заканите

Ограничувања на постоечките самостојни технологии за заштита на мрежата

Оржувањето на сигурна мрежа со помош на постоечките технологии за сигурност на мрежата е голем предизвик поради бројни причини:

  • Се повеќе софистицираните и брзо унапредени cyber закани, мотивирани повеќе за профит околку за злогласност, ги избегнуваат една или повеќе од самостојните сигурносни технологии.
  • Цената и комплексноста поврзани со управување на растечките мрежи без да се знае нивниот крај додава уште една главоболка за веќе потрошените ресурси.
  • Без наменско изграден хардвер тешко е да се постигнат перфоманси потребни за да се обезбеди целосна заштита на мрежата.

Повеќето самостојни алатки за сигурност на мрежата генерално нудат еднонаменски софтвер кој инсталиран на персоналниот компјутер овозможува основна заштита на мрежата и функции како firewall и VPN. Меѓутоа овие самостојни решенија не успеваат да овозможат потполна сигурност, флексибилност при поставувањето и перфоманси потребни за борба со комплексните мрежни и содржински сигурносни закани.

Појавување на пазар за обединето управување со заканите како одговор на комплексните предизвици за сигурност

За да се решат сигурносните проблеми на фирмите се појави сегмент на пазарот познат како Обединето Управување со Закани (ОУЗ). ОУЗ уредите минимално се состојат од firewall, intrusion prevention и gateway antivirus. Многу дилери пробале да понудат ОУЗ можности со разни имплементации на тема на ОУЗ. Некој од нив ги препакувале постоечките производи како што се firewall, VPN, antivirus, технологи за препознавање и/или превенција на напади. Други пак го помениле изгледот на постоечките производи за сигурност на мрежата, кои нудат ограничени можности за управување со сигурносните закани во трите области на технологијата. Многу е важен фактот дека со едноставно составен ОУЗ производ, кој нуди основна заштита и задоволителни перфоманси за мрежата на бизнисот, е недоволен и едноставно не е решение за проблемот. За да ги надминеме овие предизвици потребно е ефективно ОУЗ решение за сигурност на мрежата кое мора да содржи робусни и потполно интегрирани сигурносни и мрежни функции. Потребно е заштитата да биде обезбедена од следната генерација на закани, да нуди централизирано управување од едно место и сето тоа без да ослабат перфомансите на мрежата.

Решение од Fortinet: Наменски изграден ОУЗ сигурносен систем за мрежа

Fortinet е водечки светски добавувач на Обединето Управување со Закани (ОУЗ) сигурносни решенија за мрежи. Fortinet обезбедува потполно ОУЗ решение кое ги содржи FortiGate™ мрежна сигурносна платформа, FortiGuard™ претплата за сигурносни услуги, интегриран пакет на производи за управување, извештаи и анализи. ОУЗ решението на Fortinet им овозможува на корисниците рентабилно да се одбранат од сегашните но и од новата генерација на мрежни и апликативни закани без да се успори мрежата. ОУЗ производите на Fortinet се направени од нула и нудат вистински интегриран хардвер, софтвер и услуги за најдобра можна сигурност и перфоманси. Сите хардверски платформи на FortiGate содржат FortiASIC™ процесор, кој дава хардверска акцелерација и е посветен специјално за сигурносните услуги. Во FortiGate платформите исто така е вклучен и моќниот FortiOS™ сигурносен оперативен систем кој е интегриран со FortiASIC процесорот и останатиот хардвер за да се постигне потполна и високо префомансна низа од целосно интегрирани сигурносни и мрежни функции како што се:

  • Firewall, VPN and Traffic Optimization
  • Antivirus / Antispyware / Antimalware
  • Intrusion Prevention System (IPS)
  • Web Filtering
  • Antispam
  • Layer 2/3 routing

Листа на FortiGate ОУЗ сигурносни мрежни производи

Од серијата FortiGate-50 за малите претпријатија па до FortiGate-5000 серијата наменета за големи корпорации, сите FortiGate производи се базирани на FortiOS оперативен систем и FortiASIC процесор за содржини и сигурност. Било да е една или повеќе, FortiGate платформите се управуваат од една FortiManager™ управувачка конзола. FortiGate платформата соединува софистицирани мрежни карактеристики, како што се голема достапност (активен/активен, активен/пасивен) за максимално време на работа на мрежата и витруални domain можности за раздвојување на мрежите кои имаат потреба од различни степени на сигурноснт. FortiGate зависи од Fortinet глобалниот тим за истражување на закани кој истражува и развива заштита од познатите и непознатите сигурносни закани. Оваа динамичка заштита ја формира основата на FortiGuard претплатата за сигурност, која резултира во постојано надградување на услугите за antivirus, intrusion prevention, Web filtering и antispam.

FortiGate платформи во мрежните средини

FortiGate мрежните и сигурносни функционалности ги овластуваат администраторите со моќни опции за развивање и конфигурација. Со подигање на FortiGate наменски изградената ОУЗ мрежна сигурносна платформа, администраторот може целосно да ја заштити мрежата од закани на ниво на мрежа и содржини, да ги надополни сигурносните технологии и рентабилно да управува со повеќе мрежи и сигурносни функции од една конзола без да се деградира достапноста на мрежата.

За повеќе информации за специфичен FortiGate модел, ве молиме одберете една од следниве категории: