netMS

netMS™ е робустен систем за управување со елементите, моментално развиен со платформите на NET и заедно со целосен, обединет и консолидиран управувачки интерфејс е наменет за NET покривање на критичните мрежи за разговори и податоци за корпорации, понудувачи на услуги и владини агенции. netMS™ е управувачки систем целосно изработен во JAVA со графички интерфејс кој е лесен за користење и им овозможува на корисниците на најдобар можен начин да ги искористат ресурсите на мрежниот персонал и рентабилно да управуваат, надгледуваат, конфигурираат и одржуваат мрежите на NET.

ИНТЕГРИРАНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕМЕНТИТЕ

netMS™ ја открива мрежната опрема, ги собира информацитее не само за алармите и настаните туку и за кофигурациите, ги консолидира информациите за графички приказ на чворовите, мрежите, под-мрежите, елеметрите на мрежата и поврзаноста помеѓу елементите на мрежата. Топологиските мапи даваат визуелна слика на мрежата и им помага на корисниците да ги разберат поврзувањата и статусот на чворовите и поврзувањата.

Корисниците се предупредени на алармите и исправноста на состојбата на уредите преку маркирање и обојување на опремата на мапата а статусот на алармот е дополнително прикажан на секоја од страните кој носат информации за уредот. Новите настани се набљудуваат и кога ке се појави аларм на елемент на мрежата се прикажува на екранот и може да се известат операторите преку звучен алерт, емаил или порака која ке се појави на екранот. Достапна е и релевантна документација за помош за да помогне при разбирање на настанот и за да иницира соодветна акција за пријавената состојба.

Собрани се информации за целата физичка опрема за секој елемент на мрежата, до секоја компонента на полиците, картица и портови и се прикажани во вид на хиерархиска листа за сите инсталирани компоненти. Корисникон лесно може да навигира до бараната физичка компонента и преку големиот број на опции може да ги конфигурира и управува со физичките и логичките конекции на NET елементите на мрежата вклучувајќи ги нивните поврзувачки врски и постојаните или виртуелните подмрежни конекции.