Nominis

Софтверскиот пакет Ви нуди современи решенија изработени во најновата Microsoft .NET технологија. Вашата секојдневна работа е автоматизирана. Брз и едноставен пристап до сите информации неопходни за Вашето работење.

  • Интегрираност
  • Централно управување
  • Нормираност
  • Едноставно користење
  • Ажурни информации
  • Поврзување со системи на деловната околина
  • Систем на заштита
  • Флексибилност

NOMINIS архитектура

Номинис архитектура

NOMINIS модули

NOMINIS овозможува едноставно и ефикасно следење на целокупното работење на Вашата компанија. Секој од модулите може да функционира како независна апликација. Оваа архитектира овозможува прилагодување на апликацијата во согласнот со вашите потреби. NOMINUS го сочинуваат следниве модули:

NOMINIS MR – Магацинско Работење

  • Движење на артикли со количинско следење и примена на HCCP стандард
  • Стандардни прегледи (материјални картички, залихи по најразлични критериуми, материјален биланс)
  • Периодични прегледи по видови на документи

NOMINIS MK – Материјално Книговодство

  • Можност за автоматско поврзување со податоци од магацинско работење
  • Изготвување на денарски и девизни калкулации
  • Изготвување на фактури од една или повеќе испратници
  • Стандардни и други прегледи за количинско и финансиско следење

NOMINIS M – Малопродажба

  • Движење на артикли (задолжувања, продажби, сторнирање)
  • Нивелирање на продажни цени
  • Дневни и периодични прегледи за следење на продажба, плаќања и залиха на артикли (поединечно и збирно)

NOMINIS ETM – Евиденција На Трговија На Мало (Трговски Книги)

  • Можност за автоматско преземање на податоци од малопродажни места
  • Изготвување на сите законски предвидени обрасци
  • Периодични прегледи за следење на евиденцијата

NOMINIS FK – Финансово Книговодство

  • Книжење на финансови налози
  • Прегледи аналитички и синтетички, бруто биланс, заклучен лист, прегледи за следење на коминтенти
  • Пребарување по број на фактура и прегледи за отворени (неплатени) и затворени (платени) ставки
  • Можност за автоматско формирање на налози од други модули

NOMINIS OS – Основни Средства

  • Евидентирање на основни средства
  • Пресметки за невкалкулирана и вкалкулирана амортизација, ревалоризација
  • Прегледи од пресметките и картички на средства

NOMINIS SI – Ситен Инвентар

  • Следење на набавка и задолжувања на ситен инвентар
  • Картички по средства и залихи
  • Периодични прегледи

NOMINIS PE – Персонална Евиденција

  • Евидентирање на податоци за вработените
  • Прегледи по разни модалитети
  • Дополнителни евиденции (задолжувања со ХТЗ опрема, посету -вани обуки и семинари, оценување на квалитетот на работа)

NOMINIS P – Плати

  • Евидентирање на месечни параметри за пресметка
  • Месечни податоци за вработените ( нето часови, отсуства, посебни надоместоци
  • Месечни и периодични прегледи согласно законските акти и други прегледи за едноставно следење
  • Подготовка на фајлови за надворешни институции (Фонд за ПИОМ, УЈП, банки)

NOMINIS BR – Благајничко Работење

  • Можност за водење на повеќе благајни
  • Евиденција на задолжувања по лица и по видови на книжења
  • Периодични прегледи

NOMINIS AET – Аналитичка Евиденција На Трошоци

  • Евидентирање на трошоци по документи, со можност за водење по локации и по подгрупи на трошоци
  • Периодични прегледи по видови трошоци, по коминтенти, за ДДВ